Вработувањата, унапредувањата и стручното усовршување во јавниот сектор – тема во фокус

Едукација

Ве покануваме да земете учество во тематската работилница што Симпозион ја организира на 13 и 14 септември 2018 г. во хотелот „Сириус“ – Струмица, под назив: „Видови вработувања во јавниот сектор, со посебен осврт на вработувањата на административни службеници, унапредување и стручно усовршување на административните службеници“.

Во рамките на дводневната работилница, при обработка на темата вработување во јавниот сектор, ќе бидат презентирани законските решенија и практичната примена на видовите вработувања (на неопределено и определено време, со полно и неполно работно време). Посебен акцент ќе биде ставен на постапката за вработување на административен службеник (со детално објаснување на фазите на селекција), а разработката на темата ќе ја опфати и постапката за унапредување на административните службеници.

Ве покануваме да ја разгледате комплетната поканаагендата и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на работилницата, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk

Воедно, дозволете да Ве потсетиме дека наближува крајниот рок (3 септември) за пријавување за учество во еднодневната работилница на тема „Подобрување на енергетската ефикасност кај јавните објекти  –  Како до пониски сметки за енергија?“, која ќе се реализира на 6 септември, во хотел „Романтик“ – Велес. За оваа работилница можете да прочитате повеќе овде.