Лоцирајќи ја клучната важност на системот на јавната внатрешна финансиска контрола, Симпозион организира дводневен семинар на тема Клучни аспекти на финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија кај субјектите од јавниот сектор. Овој систем – кој го опфаќа финансиското управување и контрола, внатрешната ревизија и нивната хармонизација – претставува значен сегмент за непречено функционирање на секој субјект од јавниот сектор.
Во текот на 6 работни сесии и преку интерактивен работилнички дел, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со основни вештини и знаења за начинот на креирање стабилна контролна средина во својот субјект (ефикасна единица за финансиски прашања, пишани политики и процедури за работа), како и за начинот на утврдување на ризиците и спроведувањето на контролите во субјектот. Во делот на внатрешната ревизија, соодветно внимание ќе се посвети на организационата и функционалната независност на внатрешната ревизија, планирањето, извршувањето и известувањето на внатрешната ревизија, како и следењето (мониторингот) на препораките.
За подетално запознавање со содржините на предвидените тематски блокови и останатите важни аспекти на семинарот, Ве молиме да ја отворите целосната »покана за учество на семинарот«. Разгледајте го распоредот на работните сесии во приложената »агенда на семинарот«.
Семинарот ќе се реализира, според предвидената агенда, во периодот од 17–19 октомври 2019 година, во Hotel La Terrazza – Стар Дојран.
Своите пријави за учество внесете ги во овој »пријавен лист« и испратете ни ги на адресата: info@simpozion.mk