Нов концепт за јавна набавка на електрична енергија

Едукација

Симпозион тековно се фокусира на најважните актуелни прашања од стручниот домен на јавните набавки и во таа насока ја организира претстојната работилница „Нов концепт за јавна набавка на електрична енергија“, на која би сакале да ве поканиме да земете учество. Работилницата ќе се реализира на 29 декември 2021 г. преку платформата ZOOM.

Целта на оваа интерактивна работилница во организација на Симпозион е да понуди еден сосема нов и поинаков концепт за изработка на ТД за јавна набавка на електрична енергија (ЕЕ) во која критериумот за избор на најповолна понуда и останатите услови се креирани на начин кој одговора на моменталната и идната неизвесна  состојба на пазарот на ЕЕ.

Поради сè позачестеното раскинување на веќе склучените договори за снабдување со ЕЕ за сопствени потреби во изминативе неколку месеци, договорните органи се соочени со потребата од итно спроведување нови постапки за доделување договор за јавна набавка со кои треба да се избере нов снабдувач на ЕЕ, а во меѓувреме редовното снабдувањето со ЕЕ го покриваат преку снабдувачот во краен случај. Од друга страна, новообјавените постапки за доделување договор за јавна набавка завршуваат безуспешно во речиси 80% од случаите, па така наместо да се направи избор на нов снабдувач со ЕЕ, договорните органи ги поништуваат постапките поради тоа што не е поднесена ниту една или ниту една прифатлива понуда (најчесто понудената цена отстапува од проценетата вредност на набавката).

Актуелните случувања на слободниот пазар на електрична енергија и постојаниот раст на цената на ЕЕ на светските берзи секако дека влијание врз економските оператори да не сакаат да учествуваат во постапките за јавна набавка на ЕЕ по истите фиксни цени кои претходно ги нуделе или доколку учествуваат тогаш тие нудат премногу високи цени кои го надминуваат прагот и на цената формирана од страна на снабдувачот во краен случај.

Затоа, неминовно е договорните органи активно да се вклучат во изнаоѓање и користење нов применлив концепт за јавна набавка на ЕЕ, кој подразбира воведување нови правила и методи за пресметка на цената на потрошена ЕЕ и напуштање на постоечкиот концепт на дефинирање „фиксна цена за потрошена ЕЕ“, со цел враќање на конкурентноста и успешно завршување на постапките за набавка на ЕЕ со избор на најповолна понуда.

Работилницата е наменета за договорни органи (одговорно лице, лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки, надворешни стручни лица кои ѝ помагаат на комисијата при евалуацијата), лица од академската заедница што ги изучуваат јавните набавки, студенти што ги изучуваат јавните набавки, невладиниот сектор, кој будно ја следи состојбата во важните домени на нашата држава, и сите лица чие работење е во допир со јавните набавки.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.