Симпозион официјално го отвора повикот за учество на тридневната стручна работилница „Јавни набавки и финансии: намалување на ризиците од жалби, управување со договорите за ЈН, поврзаност на планот за ЈН со финансискиот план и подобрување на квалитетот на жалбите“, која е на нашиот распоред во периодот од 9 до 12 ноември 2025 во Рим, Италија. Тридневната работилница ја осмисливме и подготвивме во одговор на редовните сугестии од колегите во стручната област на јавните набавки, собирајќи ги клучните теми, високата експертиза и најактуелното знаење на едно место. Работилницата, по ваше повеќекратно барање, ќе се одвива во италијанската престолнина, во комфорни услови, со богата програма и на одлична локација, а условите за учество се максимално поволни и приспособени на нашите можности. Во продолжение — краток опис на работилницата и потребните материјали за пријава.
▸▸▸▸▸
„ЈЈАВНИ НАБАВКИ И ФИНАНСИИ: НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ ОД ЖАЛБИ, УПРАВУВАЊЕ СО ДОГОВОРИТЕ ЗА ЈН, ПОВРЗАНОСТ НА ПЛАНОТ ЗА ЈН СО ФИНАНСИСКИОТ ПЛАН И ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖАЛБИТЕ“
9—12 ноември, Рим
Работилницата ги адресира централните теми на јавните набавки во важниот период кога договорните органи треба да ги започнат активностите и проекциите за потребите од набавки за следната година, и да пристапат кон креирање на финансискиот план. Главниот фокус е поставен врз навременото планирање на идните потреби од набавки и утврдувањето на потребните средства, управувањето со реализацијата на договорите, внимателното преземање финансиски обврски и вклучувањето на организационата единица за финансиски прашања во фазата на планирање. Лицата за јавни набавки ќе добијат конкретни насоки за избегнување на грешките при подготовката на тендерската документација, а на членовите на комисиите за јавни набавки – за грешките при евалуацијата на понудите, кои резултираат со поднесување жалби. Важно внимание ќе добијат грешките што ги прават економските оператори при подготовката на жалбите, што резултира со нивно отфрлање како неосновани. Ќе им бидат дадени конкретни и полезни насоки како да го подобрат квалитетот на жалбите, корисни совети за можностите и предностите на вештачењето во жалбена постапка и низа укажувања на грешките во секојдневната стручна практика.
▸▸▸▸▸
ВАЖНИ АСПЕКТИ: ЗАСЕГНАТИ УЧЕСНИЦИ, ФОРМАТ И ПРИЈАВУВАЊЕ
Богатите и внимателно разработени содржини на работилницата се наменски подготвени за:
- Договорните органи (одговорни лица, лица на раководни позиции, лица за јавни набавки, вработени во организационата единица за финансиски прашања, членови на комисии за јавни набавки и стручни комисии, лица задолжени за следење на реализацијата на договорите, внатрешни ревизори и други лица вработени кај договорните органи) – затоа што ќе Ви помогне правилно да ги спроведувате постапките за јавни набавки без да треба подоцна да ги поништите или да Ви бидат поништени од страна на ДКЖЈН.
- Економските оператори (управители, одговорни лица, задолжени за подготовка на понудите и жалбите, и лица кои ја следат реализацијата на договорите) – затоа што ќе Ви помогне во успешно реализирање на договорите за јавни набавки без да ризикувате нивно еднострано раскинување, како и навремено и правилно да ги подготвите и поднесете жалбите, без да ризикувате нивно отфрлање.
- Останати заинтересирани лица чии интереси и работење се во допир со јавните набавки – затоа што учеството ќе Ви овозможи да бидете во тек со сите новини, добрата практика и препораките за подобрување на процесот.
Сите опфатени теми ќе бидат разработени практично, директно, подробно, со низа примери и во интерактивен формат на концентрирана агенда — со цел да ги пресретнеме потребите и можностите на сите наши почитувани соработници и клиенти. Повеќе информации за работниот план и содржините на кои ќе им биде посветена работата низ пет едукативни сесии се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«.
Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
▸▸▸▸▸
ИСКЛУЧИТЕЛНА ПРОГРАМА И ЛОКАЦИЈА: РИМ, ИТАЛИЈА
Работната агенда на работилницата и придружната програма на патување во потполност ги одразуваат нашите основни деловни принципи — избор на водечка експертиза, најсовремена методологија и најдобра работна средина. За потребите на тридневниот настан обезбедивме исклучително квалитетна локација со максимално пријатни услови во италијанската престолнина. Лоцираноста и внимателно осмислениот план на патувањето ќе ни обезбедат максимален комфор и квалитетно искористување на времето во прекрасниот релјеф на оваа древна и раскошна европска метропола.
Повеќе информации за богата придружна програма на патувањето, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот, патувањето и местата на посета, ќе бидат доставени до заинтересираните учесници кои ќе ни се обратат преку официјалната електронска адреса info@simpozion.mk или преку нашиот контакт број: 078 271 576.
▸▸▸▸▸
Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За учесниците пријавени до 1 октомври е предвиден попуст од 5% на целиот аранжман и котизацијата за учество. За пријавени 3 и повеќе лица од иста институција следува дополнителен попуст од 5% на котизацијата за учество.
Ги очекуваме Вашите пријави и високо ја цениме нашата стручна соработка.
▸▸▸▸▸
ПОСВЕТЕНОСТ НА СТРУЧНОТО ЗНАЕЊЕ: ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН
„Новини во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници“ (11 септември, Скопје)
„Клучни измени и практични совети за успешни јавни набавки“ (25 септември, Скопје)
„Новини во законот за архивски материјал и архивска дејност — можности и перспективи“ (24 септември, Скопје / 3—4 октомври, Стар Дојран)
„Новини во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници“ (27—30 ноември, Атина, Грција)
„Спроведување попис на средствата, побарувањата и обврските кај општините, државните органи и јавните претпријатија — предуслов за објективно и реално изготвување на финансиските извештаи како составен дел на завршната сметка“ (27—30 ноември, Атина, Грција)




