Симпозион го објавува официјалниот повик за учество на стручната работилница „Подготовка за надворешна ревизија: што да се очекува и како да се постапува“, која на 12 март (четврток) ќе ја реализираме во кралската винарија „Queen Maria“ во Демир Капија. Повикот за учество и можноста за пријавување се сега отворени.
Работилницата ја организираме со цел унапредување на подготвеноста и капацитетите на институциите од јавниот сектор за екстерна или надворешна ревизија. Тематските содржини се насочени кон практично и систематско запознавање на учесниците со процесот на надворешно ревидирање, со сите негови фази и чекори, со очекувањата на ревизорите и обврските на институциите кои се предмет на ревизија. Работилницата директно ќе придонесе кон подобро разбирање на улогата на ревизијата како механизам за зајакнување на транспарентноста, отчетноста и ефикасното управување со јавните средства.
Преку внимателно разработените едукативни сесии вработените и раководниот кадар во јавниот сектор ќе се подготват навремено и соодветно да одговорат на барањата на ревизорскиот процес, да ги идентификуваат потенцијалните ризици и слабости во сопственото работење и да воспостават поефикасен систем на внатрешна контрола. Учесниците ќе разгледаат практични примери и ќе анализираат типични ситуации од ревизорската практика за да стекнат јасни и применливи увиди и насоки како да обезбедат навремено, вистинито, ажурно и точно сметководствено работење, проток на документација, поделба на одговорности и документирана трага за сработеното. Работилницата дополнително ќе се фокусира на тоа како институциите можат проактивно да придонесат за квалитетен и конструктивен ревизорски процес.
Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во оваа практична стручна работилница се раководителите на институции, раководителите на сектори и одделенија, вработените во финансиски служби, внатрешна ревизија, како и други лица кои се директно или индиректно вклучени во подготовката и обезбедувањето на податоци и документација за потребите на надворешната ревизија. Учесниците ќе се вклучат активно во размена на искуства и конкретни алатки за директна примена во секојдневното работење.
Повеќе за еднодневната стручна работилница во Демир Капија можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«, а прегледот на работните сесии и содржини е достапен во официјалната »АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
▸▸▸▸▸
ПОСВЕТЕНОСТ НА СТРУЧНОТО ЗНАЕЊЕ: ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН
„Економските оператори во јавните набавки — од анализа на тендерската документација до подготовка на понудата, жалба и склучување на договорот“ (26 февруари, Скопје)
„Новини во јавните набавки во 2026 и практични искуства за справување со предизвиците“ (24—27 април, Прага, Чешка) — попустот за рано пријавување истекува на 23 февруари
„Одговорно работење во јавниот сектор — Одлуки, ризици, процеси, документација и правна рамка“ (8—11 мај, Прага, Чешка) — попустот за рано пријавување истекува на 6 март
Симпозион не престанува да ги вложува во целост сите свои ресурси во мисијата да обезбеди најквалитетно знаење во одговор на тековните и неизбежните предизвици, проблеми, дилеми и значајни новини во важните стручни области. Остануваме во редовна служба на вашиот професионален раст и развој!









