По неодамнешната најава Симпозион официјално ги отвора повиците за учество за трите стручни работилници, кои ќе дадат максимален придонес кон професионалниот развој на вработените и стручните лица во три клучни области, на кои постојано им посветуваме темелно внимание: 1) јавната администрација и актуелните новости, 2) пописот и финансиското работење, 3) медицински сестри и иднината на здравството.
Во продолжение се достапни важните информации кои ги опишуваат работниот план, предвидените содржини и начинот на пријавување учество на работилниците.
▸▸▸▸▸
„КЛУЧНИТЕ НОВИНИ ВО ВРАБОТУВАЊЕТО, УНАПРЕДУВАЊЕТО, ОЦЕНУВАЊЕТО, ПЛАТИТЕ И ОБУКАТА НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ И ДРУГИТЕ ГРУПИ НА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР, СО ОСВРТ НА СИСТЕМОТ НА ИНТЕГРИТЕТ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР“ | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
14—17 ноември, Рим
Во фокусот на работилницата се новините во законите за администрација — Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници и Законот за стручно усовршување. Агендата го приближува концептот на интегритет во јавниот сектор — тема која станува сè поактуелна, особено во контекст на спречувањето на корупцијата и унапредувањето на етичкото однесување, како предуслов за добро владеење. Важно внимание ќе обратиме и на Законот за јавните претпријатија, од аспект на управувањето со човечките ресурси. Стручната агенда е особено важна за вработените во јавниот сектор, особено оние кои работат на управување со човечки ресурси, назначените лица за интегритет, раководните лица на институциите, заинтересираните за работа во јавниот сектор, адвокатите кои се занимаваат со заштита на правата на вработените во јавниот сектор.
Повеќе информации за работниот план и содржините на работилницата се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. ПРИЈАВУВАЊЕТО за тридневната работилница е отворено. Учеството можете да го потврдите со испраќање на официјалниот »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата ел. адреса info@simpozion.mk.
▸▸▸▸▸
„ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ, ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА И ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, УСОГЛАСУВАЊЕ НА ФАКТИЧКА И СМЕТКОВОДСТВЕНА СОСТОЈБА ЗА 2026 ГОДИНА И ДРУГИ ТЕКОВНИ ТЕМИ ПОВРЗАНИ СО ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ И РАБОТНИОТ ОДНОС“ | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
14—17 ноември, Рим
Стручната агенда на работилницата ќе ги запознае учесниците со чекорите кои треба да се спроведат во сите фази на пописот, почнувајќи од физичко броење и мерење на средствата, донесување одлука за усогласување на фактичката со сметководствената евиденција, сè до сметководственото евидентирање на констатираните состојби искажани во кусоци и вишоци на средствата. Сметководственото усогласување на состојбите ќе биде презентирано преку примери за двата сметководствена система што ги применуваат буџетските корисници и единиците на локалната самоуправа од една страна, и јавните претпријатија од друга страна. Акцент ќе биде ставен на низа клучни теми: расходуваните средства и различниот даночен третман кај двата сметководствена система; различните сметководствени принципи и начела пропишани со законската регулатива и меѓународните сметководствени стандарди за финансиско известување; данокот на добивка, со фокус на буџетските корисници и единиците на локалната самоуправа; заклучните чекори и контроли за навремено евидентирање на трансакциите пред подготвување на завршна сметка; примената на одлуките на Владата за времено и трајно користење на стварите, како и актуелните прашања од областа на работните односи. Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество се одговорните сметководители, вработените во финансиско-сметководствените сектори, внатрешните ревизори и членовите на комисиите за попис.
Повеќе информации за работниот план и содржините на работилницата се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. ПРИЈАВУВАЊЕТО за тридневната работилница е отворено. Учеството можете да го потврдите со испраќање на официјалниот »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата ел. адреса info@simpozion.mk.
▸▸▸▸▸
„МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ — КЛУЧЕН ФАКТОР ОД КОЈ ЗАВИСИ ИДНИНАТА НА ЗДРАВСТВОТО“ | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
14—17 ноември, Рим
Како интегрирана едукативна платформа, работилницата ќе ги разгледа актуелните предизвици, потреби и перспективи во развојот на сестринската професија и нејзината улога во современиот здравствен систем. Фокусот е поставен на јакнењето на сестринството како самостојна и одговорна професија, со акцент на миграцијата на медицинските сестри, импликациите врз здравствениот систем, унапредувањето на образованието, развојот на професионалните компетенции, лидерството и организацијата на сестринската служба, превенцијата на насилството и психолошкото вознемирување (bullying) во здравствените установи, современите пристапи за препознавање и превенција, воспоставувањето ефективни механизми за пријавување и институционално постапување, создавањето позитивна работна клима и организациска култура заснована на професионална етика, заемна почит, доверба и психолошка сигурност, како и унапредувањето на интерпрофесионалната соработка. Учеството на медицинските сестри од сите нивоа на здравствена заштита е клучно.
Повеќе информации за работниот план и содржините на работилницата се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. ПРИЈАВУВАЊЕТО за тридневната работилница е отворено. Учеството можете да го потврдите со испраќање на официјалниот »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата ел. адреса info@simpozion.mk.
▸▸▸▸▸
ИСКЛУЧИТЕЛНА ПРОГРАМА И ЛОКАЦИЈА: РИМ, ИТАЛИЈА
Тридневните програми на работилниците ќе бидат реализирани во Рим, Италија, на централна и удобна локација, со богата програма на патување и внимателен избор на цела низа впечатливи места, активности, посети и искуства во италијанската престолнина, од 14 до 17 ноември 2026 година.
Одличната лоцираност, пријатните услови и квалитетно осмислените агенда и план на патувањето ќе ни обезбедат максимален комфор и целосно искористување на времето во атмосферата на овој древен центар на европската цивилизација.
Повеќе информации за програма на патувањето со опфат сите аспекти на аранжманот, патувањето и местата на посета ќе бидат доставени до заинтересираните учесници кои ќе ни се обратат на официјалната електронска адреса info@simpozion.mk или на нашиот контакт број: 078 271 576.
▸▸▸▸▸
Со оглед на ограниченоста на капацитетите, потребата од навремено обезбедување авионски билети и важноста на навременото оформување група учесници, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените. Ги очекуваме Вашите пријави и високо ја цениме нашата стручна соработка.



