Новини во јавните набавки: ефикасност, транспарентност и цена-квалитет | 8 октомври во Скопје

Едукација

Симпозион ги поканува сите стручни и заинтересирани лица во јавните набавки да се пријават на сега отворениот повик за учество на актуелната еднодневна работилница „Новини насочени кон унапредување на ефикасноста и транспарентноста на системот на јавните набавки и кон професионализација во ЈН“, која на 8 октомври (четврток) ќе ја реализираме во „Конференциската сала ГТЦ“ во Скопје. Официјалната покана и агенда за овој важен настан во областа на јавните набавки се сега достапни, а можноста за пријавување е веќе отворена.

Учесниците сеопфатно и практично ќе се запознаат со новините во јавните набавки со кои треба да се отстранат одредени забележани слабости, да се исполнат поставените реформските цели и да се модернизира и подобри целокупниот опсег на професионални вештини и компетенции, знаење и искуство на лицата кои спроведуваат или учествуваат во извршувањето задачи поврзани со јавните набавки.

Првиот дел од работилницата ќе биде насочен кон запознавање на учесниците со претстојните новини и нивното практично влијание врз јавните набавки. Вториот дел, соодветно, ќе биде посветен на презентирање јасни и директно полезни примери на добра практика во примената на најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот и анализа на примери како и зошто овој критериум не треба да се користи. Учесниците дополнително ќе работат врз студија на случај за да го применат материјалот и да ги видат резултатите од примена.

Повеќе за еднодневната стручна работилница во Скопје, работните сесии и содржини, можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во стручната работилница се:

➡ договорните органи (лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки и стручни комисии, внатрешни ревизори и други лица вработени кај договорните органи) — затоа што ќе Ви помогне да ги разјасните сите дилеми поврзани со примената на членот 99 од Законот за јавните набавки.

➡ економските оператори (управители, лица задолжени за подготовка на понудите) — затоа што ќе Ви помогне успешно да ја подготвите Вашата понуда без да ризикувате нејзино отфрлање како неприфатлива.

➡ останатите заинтересирани лица чии интереси и работење се во допир со јавните набавки — затоа што ќе Ви овозможи детално да се запознаете со еден особено важен дел од Законот за јавните набавки.

Новините во јавните набавки ќе бидат исто така опфатени како нов дел од агендата на објавената тридневна стручна работилница „Планирање, јавни набавки и финансии — од потреба до најдобра вредност за парите“ (27—30 ноември 2026, Мадрид), која ги поврзува планирањето, јавните набавки и финансиското управување од една страна, и подготовката на квалитетна понуда од друга страна, со фокус на точките каде што најчесто настануваат проблеми: недоволно планирање, несоодветна проценета вредност, слаба координација со финансискиот сектор, преземање обврски без соодветно финансиско покритие, нејасни или ограничувачки барања и грешки при подготовката на понудите. | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

▸▸▸▸▸
ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН

„Клучните новини во вработувањето, унапредувањето, оценувањето, платите и обуката на административните службеници и другите групи на вработени во јавниот сектор, со осврт на системот на интегритет во јавниот сектор“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

„Попис на средствата и обврските кај буџетските корисници, единиците на локална самоуправа и јавни претпријатија, усогласување на фактичка и сметководствена состојба за 2026 година и други тековни теми поврзани со финансиско работење и работниот однос“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

„Медицинските сестри — клучен фактор од кој зависи иднината на здравството“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«