Тридневни стручни работилници во БУДИМПЕШТА | Финансиско планирање и управување со договорите за јавни набавки | Предизвиците на медицинските сестри | 12—15 МАЈ

Едукација

По направените темелни подготовки за да обезбеди најдобра програма, највисока експертиза и најквалитетни услови за реализација, Симпозион го отвора повикот за учество на две тридневни стручни работилници во областите на 1) финансиското планирање и јавни набавки, и 2) медицинските сестри, кои се на нашиот распоред во периодот од 12 до 15 мај 2025 во Будимпешта, Унгарија. Во продолжение следува краток опис на стручните едукативни настани, придружен со потребните материјали за пријава.

▸▸▸▸▸
ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ, РЕАЛИЗАЦИЈА, СЛЕДЕЊЕ И ИЗМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Богатите и внимателно разработени содржини на работилницата се наменети за вработените во секторите за финансии и јавни набавки. Стручната агенда на работилницата е од исклучителна важност за сите вработени кои учествуваат во планирањето на буџетот, следењето на јавните набавки и управувањето со финансиските ризици. Појдовната идеја и целта на едукативниот настан е да се зајакнат знаењата и практичните вештини на учесниците во процесите на финансиско планирање и управување со договорите за јавни набавки. Клучни увиди ќе бидат пренесени за разбирање на основните принципи на финансиско планирање и јавните набавки; подобрување на соработката меѓу секторите за финансии и јавни набавки; стекнување практични вештини за управување со договорите за јавни набавки — реализација и следење на договорите; препознавање на ризиците поврзани со реализацијата и измените на договорите за јавни набавки; одговор на повеќе прашања и дилеми со кои се соочуваат инволвираните лица во овие процесич; споделување на знаења и искуства во врска со последните измени и дополнувања на ЗЈН (Сл. весник на РСМ бр.14/25) и примената на новите апликативни решенија во ЕСЈН — автоматизирана тендерска документација и понуда.

Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во оваа стручна работилница се вработените во организационите единици за финансии и јавни набавки, лицата кои ја следат реализацијата на договорите за јавни набавки, лицата на раководни позиции и одговорните лица кај договорните органи и економските оператори, како и други заинтересирани лица.

Повеќе за тридневната стручна работилница во Будимпешта можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

▸▸▸▸▸
ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

Медицинските сестри не се само извршители на медицински задачи и процедури, туку и критични членови на здравствениот тим. Нивната работа е важна не само за непосредниот третман на пациентите, туку и за подобрувањето на квалитетот на животот, поддршката на психолошката и емоционалната состојба на пациентите, и обезбедувањето континуирана грижа, неопходна за целосно лекување. Во чест на Меѓународниот ден на медицинските сестри, го ставаме фокусот врз предизвиците со кои денес се соочува модерната сестринска професија. Тридневната работилница ќе ја истакне и унапреди важноста на овие стручни лица нудејќи решенија за подобрување на условите за работа. Детално и сеопфатно ќе ги разработиме клучните проблеми на медицинските сестри во здравствениот систем и нудејќи свои насоки, совети и решенија за оваа прва линија во обезбедувањето здравствена нега од која зависи функционирањето на здравствените институции и квалитетот на негата на пациентите.

Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во оваа стручна работилница се медицинските сестри. Овие централни професионалци во здравствениот систем играат незаменлива улога во неговото сеопфатно функционирање. Интернационалниот ден на сестрите ја става во фокус нужноста да ги цениме и поддржиме во нивната тешка и одговорна мисија. Признавањето и осознавањето на предизвиците во нивната секојдневна практика, како и создавањето подобри услови за работа е клучно за обезбедување квалитетна здравствена нега и за подобрување на работната благосостојба на медицинските сестри.

Повеќе за тридневната стручна работилница во Будимпешта можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

▸▸▸▸▸
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ: БУДИМПЕШТА, УНГАРИЈА

Работната агенда и придружната програма на двете работилници во потполност ги одразуваат нашите основни деловни принципи – избор на водечка експертиза, најсовремена методологија и најдобра работна средина. Ја обезбедвме една од најдобрите локации во самиот центар на унгарската престолнина, што ќе ни обезбеди максимален комфор и добро искористување на времето во еден од најживописните европски градови. Повеќе информации за квалитетната придружна програма на патувањето, која ги опфаќа аспекти на аранжманот, патувањето и местата на посета, ќе бидат доставени до заинтересираните учесници кои ќе испратат барање на нашата официјална електронска адреса info@simpozion.mk или преку нашиот контакт број: 078 271 576.

▸▸▸▸▸
Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За учесниците пријавени до 27 март е предвиден попуст од 5% на целиот аранжман и котизацијата за учество. За пријавени 3 и повеќе лица од иста институција следува дополнителен попуст од 5% на котизацијата за учество.