Што покажува праксата на ДКЖЈН? Најчести грешки, дилеми и предизвици во јавните набавки | 29 октомври во Скопје

Едукација

Во самиот центар на активната есенска едукативна програма, Симпозион ги поканува своите соработници и сите стручни и заинтересирани лица во јавните набавки да го проверат новиот повик за учество на октомвриската работилница со исклучително важна тема: „Што покажува праксата на ДКЖЈН? Најчести грешки, дилеми и предизвици во јавните набавки“, која на 29 октомври (четврток) ќе ја реализираме во „Конференциската сала ГТЦ“ во Скопје. Официјалната покана и агенда за овој важен настан во областа на јавните набавки се сега достапни, а можноста за пријавување е веќе отворена.

Што покажува праксата на ДКЖЈН? Каде најчесто се греши и како да ги избегнете најчестите пропусти во јавните набавки? Со практично ориентирана работа, ќе им посветиме максимално внимание на најчестите грешки, дилеми и предизвици во јавните набавки, согледани низ практиката на ДКЖЈН и жалбените постапки. Ќе ги разгледаме најчестите пропусти кои договорните органи ги прават при изготвувањето на тендерската документација, техничките спецификации и обрасците кои се прилог на понудата, пропустите кај најчесто користените видови постапки за јавна набавка, ќе разјасниме што може да се бодува како квалитет и дали е дозволена поддршка при бодирање на квалитет. Со внимание ќе се осврнеме и на можноста која ја имаат економските оператори во насока на подобрување на условите за учество во постапките за јавни набавки, како правилно треба да постапат кога користат способност од друг субјект и како ДО да не грешат при евалуација на способноста кога ЕО користат способност од друг субјект. Ќе дадеме полезни и применливи насоки за правилно постапување во текот на жалбената постапка.

Ве покануваме како учесници за да добиете јасни и практични насоки што да избегнувате, на што да внимавате и како правилно да постапувате, со цел да се намалат грешките и ризиците во постапките за јавни набавки. Не само што вели Законот — туку што покажува практиката на ДКЖЈН!

Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во стручната работилница се:
➡ договорните органи (лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки и стручни комисии, лица кои подготвуваат технички спецификации и предлагаат критериуми за утврдување на способност и критериуми за избор на најповолна понуда, внатрешни ревизори и други лица вработени кај договорните органи).
➡ економските оператори (управители, лица задолжени за подготовка на понудите).
➡ останатите заинтересирани лица чии интереси и работење се во допир со јавните набавки.

Повеќе за еднодневната стручна работилница во Скопје, работните сесии и содржини, можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

▸▸▸▸▸
ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН

„Новата правна регулатива — нови правила за модернизирано канцелариското и архивското работење“ (6—7 ноември, Цар Самуил Спа, Струмица) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

„Клучните новини во вработувањето, унапредувањето, оценувањето, платите и обуката на административните службеници и другите групи на вработени во јавниот сектор, со осврт на системот на интегритет во јавниот сектор“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

„Попис на средствата и обврските кај буџетските корисници, единиците на локална самоуправа и јавни претпријатија, усогласување на фактичка и сметководствена состојба за 2026 година и други тековни теми поврзани со финансиско работење и работниот однос“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

„Медицинските сестри — клучен фактор од кој зависи иднината на здравството“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

„Планирање, јавни набавки и финансии — од потреба до најдобра вредност за парите“ (27—30 ноември, Мадрид, Шпанија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«