Позитивно оценета обуката за внатрешната ревизија кај субјектите од јавниот сектор

Архива

Со исклучително позитивен фидбек учесниците ги оценија содржината, предавачките и организацијата на обуката „Внатрешната ревизија кај субјектите од јавниот сектор“, која Симпозион ја оствари на 4.5.2018 во хотелот „City Park“  во Скопје.

Уште еднаш се покажа плодна нашата соработка со експертите од оваа област, кои професионално се посветија, во предвидената временска рамка, да ги пренесат планираните содржини, но и да одговорат на мнгубројни дилеми и прашања, кои продолжија и за време на паузите.

Покрај теориските аспекти, особено внимание беше посветено на практичното пополнување матрици за проверка на фазите на планирање, извршување и известување од извршените ревизии, како и мониторинг на дадените препораки. Повеќето од учесниците особено го потенцираа овој дел како еден од најполезните елементи на курикулумот за обуката, во авторство на обучувачките, овластени државни ревизори, м-р Тања Таневска, м-р Цвета Ристовска и Тања Јаневска.

Поради покажаниот интерес и големото задоволство кај учесниците од концептот на оваа обука, планираме да ја организираме повторно, со подобрени содржини врз база на искуствата од досегашните изданија.