Тековните околности на економска и енергетска криза, како и неочекуваните пазарни промени најдиректно ги засегаат јавните набавки, создавајќи услови на висока неизвесност и отворајќи бројни прашања кај договорните органи и економските оператори. За да ја пресретнеме потребата од стручно и квалитетно одговарање на овие предизвици, Симпозион внимателно осмисли програма и воспостави соработка со најстручните лица во областа на јавните набавки, со цел да го спроведе претстојниот тридневен стручен семинар „Јавните набавки во услови на неизвесност и криза“. Целта на сеопфатната агенда на семинарот е да ги подготви договорните органи со клучните сознанија и искуства за однапред да ги препознаат и превенираат ризиците кои можат да се јават при реализација на договорите за јавни набавки во нестабилните пазарни и економски услови. Во исто време, содржините на семинарот темелно ќе ги опфатат и проблемите со кои се соочуваат економските оператори, демонстрирајќи како преку анализа на ризиците да можат да подготват прифатливи и конкурентни понуди во услови кога има нарушување на синџирите на снабдување, со цел да се избегне предвременото раскинување на договорите.
Семинарот ќе се реализира според подолу приложената агенда во периодот од 28–30 септември 2022 година, во Белград, Република Србија. Изборот на локацијата на семинарот го направивме следејќи ги Вашите очекувања и барања во текот на годинашната едукативна програма, воедно барајќи најдобри стандарди за спроведување на семинарот и на патувањето. За да обезбедиме квалитетен престој и да ја поткрепиме агендата на семинарот, внимателно ја разработивме тридневната програма на патувањето, која Ви е достапна во продолжение.
Главните засегнати лица и групи што имаат битен интерес за учество во овој семинар се договорни органи (одговорни лица, лица на раководни позиции, членови на комисии за јавни набавки и стручни комисии, лица за јавни набавки и други лица вработени кај договорните органи), економски оператори (одговорни лица, лица кои ги подготвуваат понудите и лица кои ја следат реализацијата на договорите), лица кои сакаат професионално да се занимаваат со јавни набавки, невработени заинтересирани лица, адвокати кои се занимаваат со заштита на правата на економските оператори и други заинтересирани лица кои од различен аспект се поврзани со јавните набавки.Повеќе за семинарот можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Информациите за програмата на тридневното патување се достапни во »ПРОГРАМАТА ЗА ПАТУВАЊЕ«. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.
Своите пријави за учество внесете ги во овој пријавен лист и испратете ни ги на адресата: info@simpozion.mk
За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.