Две работилници на Симпозион во Прага — април и мај 2026

Едукација

Во пресрет на новата едукативна сезона и во рамките на својата јубилејна година, Симпозион ги најавува централните настани од својот претстоен едукативен блок, кои ќе се реализираат во текот на април и мај 2026 година во Прага — еден од најубавите европски градови, престолнина со чудесна атмосфера и неверојатно културно наследство. Воедно, тоа е градот што многумина наши соработници го очекуваа како нова локација на нашата едукативна програма.

Симпозион тековно ги посветува сите свои сили и ресурси за внимателно да ги соедини сите содржини и детали на двете претстојни работилници кои ќе бидат посветени на 1) новините во јавните набавки во 2026 година и 2) одговорното работење и системскиот пристап во јавниот сектор. Официјалната објава и можност за пријава очекувајте ја наскоро.

Со особено задоволство ги најавуваме областите и соодветните термини на одржување на двете работилници:

📅 24–27 априлНОВИНИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2026 И ПРАКТИЧНИ ИСКУСТВА ВО СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ

Работилницата ја осмисливме со цел да им обезбедиме на учесниците сеопфатен и јасен увид во најновите случувања во областа на јавните набавки во 2026 година, со посебен фокус на практичните дилеми и реалните ситуации со кои секојдневно се соочуваат договорните органи и економските оператори.

Работилницата ќе биде особено корисна за сите претставници на договорните органи (одговорни и раководни лица, лица за јавни набавки, членови на комисии, внатрешни ревизори и други стручни лица) и на економски операторите (управителите и сите лица вклучени во подготовката на понудите), како и за сите стручни лица чија работа е во допир со јавните набавки и кои сакаат навремено и сигурно да ги применуваат новините и искуствата на добрата практика.

📅 8–11 мајОДГОВОРНО РАБОТЕЊЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР: ОДЛУКИ, РИЗИЦИ, ДОКУМЕНТАЦИЈА И ПРАВНА РАМКА

Оваа работилница е конципирана со практична и концентрирана едукативна агенда наменета за вработените во јавниот сектор, со фокус на одговорното институционално работење, информираното донесување одлуки и системското управување со ризици. Преку анализа на реални случаи од институционалната практика, учесниците ќе согледаат како настануваат оперативните и стратешките ризици, какви последици може да произлезат од одлуките донесени под притисок и како правната рамка може да се користи како инструмент за превенција.

Работилницата ќе биде исклучително полезна за вработените во јавниот сектор, како и за правните, финансиските и административните служби, за лицата вклучени во јавните набавки, плаќањата и наплатата на приходи,  за раководните лица и координаторите за управување со ризици, за сите што учествуваат во управувањето со јавни процеси и јавен имот.

▸▸▸▸▸

Двете работилници целосно ќе се потпрат врз нашите воспоставени принципи на работа: врвна и проверена експертиза, практична применливост на знаењата, интерактивен и одговорен едукативен пристап, како и внимателно одбрана средина која овозможува продлабочена размена на искуства и професионално поврзување. Пренесените знаења ќе дадат силен импулс на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените, раководителите и заинтересираните во двете стручни области.

Покрај високиот квалитет на обезбедените услови за реализација на едукативната програма, создадовме програма на патување која ги претставува Прага и Чешка во најдобрата можна светлина. Разработивме особено богати и интересни содржини, кои не можат да остават никого рамнодушен.

Следете нè за наскоро да се запознаете со деталите за овие три работилници: начинот на пријавувањепромотивните пакети за рано пријавувањедеталната тематска агенда на работилниците, составот на предавачитепрограмата за патување, како и богатата содржина на предвидениот пакет аранжман. Следете ги и нашите социјални мрежи за редовни информации: Facebook, Instagram и LinkedIn.

Ни претстојат месеци полни со квалитетни искуства и внимателно одбрано знаење!