По сеопфатни подготовки и во одговор на Вашите редовни барања за стручна и практична разработка на промените, обврските и новитетите што ги носи новата правна регулатива во областа на канцелариско и архивско работење, сега го објавуваме повикот за учество на долгоочекуваната стручна работилница „Новата правна регулатива — нови правила за модернизирано канцелариско и архивско работење“, која со дводневна програма во периодот 6—7 ноември ќе ја реализираме во „Цар Самуил Спа“ — Банско, Струмица. Официјалниот повик за учество на овој важен настан во областа на канцелариското работење е отворен, заедно со можноста за пријавување учество.
Исклучително актуелната и квалитетна работна агенда целосно, практично и интерактивно ќе ја опфати новата рамка за организирање, водење и спроведување на канцелариското и архивското работење, која се воспоставува со донесувањето на Законот за архивски материјал и архивска дејност и новата Уредба за канцелариско и архивско работење. Истовремено, во завршна фаза на изработка е и новото Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, со кое подетално ќе се разработат постапките и начинот на нивно спроведување.
Новата регулатива носи значајни промени во однос на досегашниот начин на работа, со тенденција кон осовременување на процесите, поголема ефикасност и унапредување на управувањето со документите. Еден од клучните аспекти е водењето на канцелариското и архивското работење по електронски пат, преку информациски систем. Уредбата за канцелариско и архивско работење воведува нов пристап во уредувањето на оваа материја — од општите одредби и дефинициите до конкретните правила за нејзина примена. Новото Упатство предвидува значително проширен и поинаку структуриран пристап кон практичното спроведување на постапките. Посебно внимание заслужуваат новиот пристап кон Планот на архивските знаци, Листата на архивскиот материјал и Листата на документарниот материјал, воведувањето информациски единици, деловодници за електронско и хартиено работење, новиот начин на формирање на деловодниот број, како и постапките за дигитализација, конверзација и водење на архивската книга.
Правилното разбирање и практично спроведување на овие и уште цела низа промени отвораат многу прашања и предизвици за институциите и другите иматели на архивски и документарен материјал — затоа благовремено и со особено внимание кон сите подробности ја организираме оваа стручна работилница.
Нејзината цел е да ги претстави клучните новини во новата правна рамка, да ги разјасни разликите во однос на досегашната практика и да ги подготви учесниците за практичните предизвици во примената на новите правила и постапки. Работилницата е првенствено наменета за сите вработени и стручни лица кои работат во архивите и писарниците, особено раководителите — како кај имателите на јавниот архивски и документарен материјал, така и кај имателите на приватен архивски и документарен материјал.
Повеќе за содржините и работните сесии можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
Ги очекуваме Вашите пријави и високо ја цениме нашата стручна соработка!
▸▸▸▸▸
ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН
„Што покажува праксата на ДКЖЈН? Најчести грешки, дилеми и предизвици во јавните набавки“ (29 октомври, Скопје) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
„Клучните новини во вработувањето, унапредувањето, оценувањето, платите и обуката на административните службеници и другите групи на вработени во јавниот сектор, со осврт на системот на интегритет во јавниот сектор“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
„Попис на средствата и обврските кај буџетските корисници, единиците на локална самоуправа и јавни претпријатија, усогласување на фактичка и сметководствена состојба за 2026 година и други тековни теми поврзани со финансиско работење и работниот однос“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
„Медицинските сестри — клучен фактор од кој зависи иднината на здравството“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«




