Нови и важни теми на претстојната есенска агенда во Истанбул

Едукација

Симпозион секогаш го следи својот основен принципвнимателно одбрано знаење, што значи наоѓање битни стручни теми и квалитетни извори на знаења кои треба да бидат соодветно пренесени до стручните лица. Оние лица кои носат одговорност за одлуките, како и оние кои со секојдневното работење ги реализираат донесените одлуки. Нашата цел е да извлечеме додадена вредност во работењето преку прецизно насочена едукација, која се зафаќа со конкретни проблеми и со суштинските прашања.

Со претстојната есенска едукативна програма правиме проширување на досегашните теми кои ги опфаќаа нашите семинари, обуки и работилници. Ова проширување го правиме со максимално внимание на квалитетот на експертизата врз која се потпираат едукативниот пристап и работните агенди на претстојните настани. Истовремено, целта на отворањето нови едукативни области е да допреме до оние лица кои знаат за квалитетот на нашата едукација и активно пројавуваат интерес за нашите стручни настани, како и до оние за кои сме уверени дека ќе имаат значителни придобивки од едукацијата што ја спроведуваме.

Нашата тековна работа е целосно посветена на две работилници со кои ги пресретнуваме вашите есенски планови. Со богата придружна програма за посета на веројатно најживописната точка каде што се среќаваат Европа и Азија, во Истанбул, во октомври претстојат два едукативни настани во наведените области, за кои наскоро ќе следуваат подетални објави, но уште сега ги отвораме каналите за сите ваши прашања и за заинтересираните за учество.

18—21 октомври — УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

18—21 октомври — СООЧЕНИ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ДИЈАБЕТЕСОТ — КАКО МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ МОЖАТ ДА ДЕЈСТВУВААТ 

Двете работилници ги разработуваме со внимание на најрелевантните искуства и најактуелните сознанија и упатства во предметните области, составувајќи сеопфатна агенда придружена со богата и исклучително квалитетна програма на патување. Едукативните програми ќе дадат силен импулс на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените, раководителите и заинтересираните во двете стручни области.

Патувањето што ќе го придружува аранжманот за двата едукативни настани опфаќа три ноќевања и четири полни денови во престолнината на Турција, со посета на најзначајните културни, архитектонски, историски и гастрономски точки во овој евроазиски мегаград. Обезбедивме првокласна локација, одлични услови за сместување на гостите и спроведување на работилниците, при што едукативната програма ја поврзавме со програма на патување која опфаќа посети на многу знаменитости во Истанбул.

Следете нè за да се запознаете со деталите за овие и за другите претстојни работилници: начинот на пријавување, промотивните можности за рано пријавување, деталната тематска агенда на работилниците, составот на предавачите, програмата за патување, како и содржината на пакет аранжманот.

Резултатите на вашето работење и високите стандарди на организација на едукацијата е она од што поаѓаме и на што сме постојано посветени во нашата потрага по внимателно одбрано знаење.