Стручни семинари: Управување со ризици во јавниот сектор | Медицинските сестри во дејство против дијабетесот | Тридневна едукативна програма во Истанбул (октомври 2024)

Едукација

Претстојниот есенски едукативен блок во Истанбул кој го најавивме неодамна предизвика значителен интерес кај многумина наши редовни и нови соработници. Денес со задоволство го објавуваме повикот за учество на двата стручни семинари, кои Симпозион ќе ги реализира од 18 до 21 октомври во еден од највпечатливите светски градови –  Истанбул, Турција. Нашиот тим се погрижи да склучи соработка со најрелевантните експерти, да ги обезбеди најдобрите локации за сместување и посета, и на најдобар начин да го организира времето предвидено за стручна едукација и патување. По повеќемесечни подготовки, го објавуваме повикот за пријавување на овие 2 стручни семинари и ги споделуваме важните материјали за запознавање со темите, содржините и планот на реализација.

▸▸▸▸▸

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Стручната агенда на овој тридневен семинар е примарно насочена кон конкретно и практично усвојување на концептите на ризиците во работењето заради нивно соодветно препознавање и надминување. Од дефиниција, идентификација и категоризација на ризиците специфични за различните процеси до конкретни решенија во форма на акциски планови, контролни активности, едукација и определување на непосредната улога на вработените во управувањето со ризиците. Семинарот ќе објасни како да се зголемат, зајакнат и насочат знаењата и вештините на вработените во препознавањето и управувањето со ризиците присутни во секојдневната работа преку низа методологии, алатки и стратегии кои ќе најдат директна примена во работењето. Од експертска позиција ќе бидат пренесени важни искуства за најдобрите практики и протоколи.

Главните засегнати лица и групи што имаат директен интерес за учество во овој стручен семинар се првенствено вработените во јавната администрација, особено оние кои се дел од архивските, сметководствените, финансиските и правните сектори и одделенија, како и стручни лица кои одговараат за задачите и процедурите поврзани со јавните набавки и човечките ресурси во своите матични институции. Семинарот е соодветно конципиран за да отвори врата кон предметната област и за лицата кои имаат професионален афинитет или интерес во областа, како и сите други лица на различен начин поврзани со споменатите сектори и дејности.

Повеќе за тридневниот стручен семинар во Истанбул можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

▸▸▸▸▸

СООЧЕНИ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ДИЈАБЕТЕСОТ – КАКО МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ МОЖАТ ДА ДЕЈСТВУВААТ

Медицинските сестри исполнуваат многу улоги во здравствените институции и имаат значаен повеќестран придонес во грижата на пациентите. Разбирајќи ги сите практични предизвици на оваа работна позиција, Симпозион преку тридневниот стручен семинар ја става во фокус стручната подготовка на медицинските сестри во обезбедувањето високо квалитетна нега и едукација за дијабетесот без разлика на нивната примарна пракса. Целта на семинарот е да го насочи и зајакне развојот на медицинските сестри пренесувајќи ги неопходните знаења за успешно менаџирање со дијабетесот и компликациите кои тој ги предизвикува. Работната агенда предвидува експертите темелно да разработат со учесниците клучни теми кои се поподробно изложени во материјалите подолу.

Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во овој практичен стручен семинар се медицинските сестри. Дијабетесот често е коморбидитет и, без разлика на примарната болест со која е поврзан, неопходно е негово познавање. Затоа од клучна важност е медицинските сестри од сите нивоа на здравствената заштита (примарна, секундарна, терциерна) како и од сите специјалности (интернистички, хируршки, геријатриски итн.), вклучувајќи ги и студентите на тригодишните студии за медицински сестри, да поминат правилна насочена едукација и да бидат запознаени техниките за спречување компликации.

Повеќе за тридневниот стручен семинар во Истанбул можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

▸▸▸▸▸

Покрај исцрпните стручни содржини на работните агенди и внимателно одбраните теми и експерти, двата стручни семинари ја носат додадената вредност на интерактивната комуникација на учесниците со предавачот. Силен акцент ќе биде ставен и на меѓусебната размена на искуства, мислења и ставови во двете предметни области.

Детално разработената програма на патувањето, подготвена со истата темелност и богата со многу искуства во прекрасната атмосфера на Истанбул, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот, патувањето и местата на посета во рамките на двата стручни семинари, како и дополнителната информација за експертите кои ќе ги реализираат предвидените стручни агенди, ќе бидат доставени до заинтересираните учесници кои ќе се обратат до нас или ќе испратат барање.

Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За учесниците пријавени до 13 септември е предвиден попуст од 5% на целиот аранжман и котизацијата за учество. За пријавени 3 и повеќе лица од иста институција следува дополнителен попуст од 5% на котизацијата за учество.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.