Претстојниот блок од три стручни работилници во Виена кој го најавивме неодамна предизвика значителен интерес кај многумина редовни и нови соработници од јавниот и приватниот сектор. Денес со задоволство го објавуваме повикот на учество на две работилници, кои Симпозион ќе ги реализира од 1 до 4 јуни во Виена, тежиштето на европската култура. Склучувајќи соработка со најрелевантните експерти и избирајќи ги најдобрите локации и услови за реализација на богатата, внимателно подготвена програма, со сите заинтересирани ја споделуваме поканата за учество на следниве 2 тридневни работилници:
▸▸▸▸▸
„Актуелни теми за вработените во јавниот сектор: поврзаноста на функционалната анализа со планирањата на вработувањата, видовите на одговорност и обврските за лицата за интегритет“
Оваа работилница ја реализираме во пресрет на усвојувањето на новите законски решенија за вработените во јавниот сектор и во одговор на растечкиот стручен интерес за областа управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Нејзиниот фокус ќе биде поставен врз новиот Општ колективен договор за јавниот сектор, потпишан во јули 2023 година, а предвидените содржини ќе му посветат внимание на Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија. Дополнително, работната агенда ќе отвори уште едно актуелно прашање во секојдневното работење на институциите во јавниот сектор: воведувањето, спроведувањето и следењето на системот на интегритет во институциите во јавниот сектор.
Основната цел на работилницата е усовршувањето на стручните компетенции преку подетална разработка на актуелните теми и прашања, уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници и Законот за работните односи. Работилницата е наменета и особено полезна за вработените во јавниот сектор, за административните службеници, одговорните лица, лицата на раководни позиции, невработените лица со интерес за предметната област, адвокатите кои се занимаваат со заштита на правата што произлегуваат од работните односи на вработените во јавниот сектор и на административните службеници, како и за други заинтересирани лица.
Повеќе за тридневната работилница во Виена можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
▸▸▸▸▸
„Воспоставување на систем на управување со ризици, надоместоци и додатоци на плата, сметководствено евидентирање на специфични трансакции“.
Работилницата е наменета за вработените во државните органи кои се вклучени во процесите изложени на објективни и субјективни влијанија, креирајќи ризици во функционирањето на институциите. Стручниот едукативен настан ќе опфати клучни теми од областа на финансиско-сметководственото работење, со фокус на формирањето систем на управување со ризици и нивна контрола. Работната агенда ги разгледува правата на вработените во делот на користењето на работното време и прекувремената работа, пресметката на додатоците на плата, пресметката и исплатата на годишниот одмор.
Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во оваа практична стручна работилница се одговорните сметководители, вработените во финансиско-сметководствените сектори и внатрешните ревизори.
Повеќе за тридневната работилница во Виена можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
▸▸▸▸▸
Покрај исцрпните стручни содржини на работните агенди и внимателно одбраните теми и експерти, двете работилници ја носат додадената вредност на интерактивната комуникација на учесниците со предавачот. Силен акцент ќе биде ставен и на меѓусебната размена на искуства, мислења и ставови во двете предметни области.
Детално разработената програма на патувањето, подготвена со истата темелност и богата со многу искуства во прекрасната атмосфера на Виена, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот, патувањето и местата на посета во рамките на двете работилници, како и дополнителната информација за експертите кои ќе ги реализираат предвидените стручни агенди, ќе бидат доставени до заинтересираните учесници кои ќе се обратат до нас или ќе испратат барање.
Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За учесниците пријавени до 15 април е предвиден попуст од 5% на целиот аранжман и котизацијата за учество. За пријавени 3 и повеќе лица од иста институција следува дополнителен попуст од 5% на котизацијата за учество.
За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.