Семинар во Нови Сад: Одговори на актуелни прашања од практиката во областа на јавните набавки

Едукација

Препознавајќи ја важноста од темелна тематска работа и дискусија за тековните грешки, дилеми во практиката на јавните набавки во дадениов момент, Симпозион го организира тридневниот стручен семинар „Одговори на актуелни прашања од практиката во областа на јавните набавки, на кој ни претставува задоволство да Ве поканиме. Како што укажува насловот на претстојниот семинар, овде си задаваме цел да ја преиспитаме практиката во секоја фаза од спроведувањето на постапките за јавни набавки, која во изминатиот период покажува дека сè уште постојат низа слабости, и покрај тоа што со воведувањето на новиот Закон за јавни набавки во април 2019 година се постигна значително подобрување на законската регулатива во областа на јавните набавки. Со овој едукативен настан ги таргетираме и сакаме да ги елиминираме токму тие слабости, пренесувајќи нови и важни увиди, упатства и искуства.

Во рамките на четири работни сесии, на семинарот ќе бидат опфатени неколку множества од важни теми поврзани со предизвиците со кои се соочуваат договорните органи при подготовката на тендерската документација, евалуацијата на понудите и најчестите пропусти и грешки во практиката, утврдени од страна на понудувачите и ДКЖЈН; управување со договорите за јавна набавка и можните измени на договорот во текот на неговата важност поради значително зголемување на цените, како и застој и доцнење во снабдувањето со материјали и опрема – како за работите, така и за стоките и услугите.

Семинарот ќе се реализира според подолу приложената агенда во периодот од 57 мај 2022 година, во Нови Сад, Република Србија. Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, даваме предност на првопријавените. Ве информираме дека доколку се пријавите до 1 април 2022 година, добивате 5% попуст на аранжманот и  котизацијата.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Информациите за програмата на тридневното патување се достапни во  »ПРОГРАМАТА ЗА ПАТУВАЊЕ«. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

Своите пријави за учество внесете ги во овој пријавен лист и испратете ни ги на адресата: info@simpozion.mk За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.