Предизвиците со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори кај поедноставената отворена постапка

Едукација

На почетокот од новата годишна сезона, Симпозион организира еднодневна работилница на тема „Предизвиците со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори кај поедноставената отворена постапка“, која ќе се одржи на 18 март 2021 г. преку платформата ZOOM. На претстојната работилница ќе бидат пренесени важни знаења и искуства од областа на јавните набавки, кои се од круцијално значење за точно, законито и целисходно работење на договорните органи и на економските органи. Поспецифично, предмет на оваа работилница ќе биде поедноставената отворена постапка.

Набавките со вредносен праг до 70.000 евра опфаќаат голем дел од вкупно спроведените набавки и се од голема важност. Тие претставуваат значителен расход за договорните органи, но и голема деловна можност за економските оператори, особено за малите и средни претпријатија (МСП). Иакo навидум се работи за „едноставна“ постапка за јавна набавка, досегашната практика покажа дека токму овој вид постапка има најголем број неодговорени прашања и дилеми, кои цениме дека треба да бидат расчистени на оваа работилница, заради правилна примена на Закон за јавните набавки.

На работилницата ќе бидат опфатени цела серија прашања поврзани со поедноставната постапка, кои можете да ги разгледате во приложените документи, а методологијата на работа ќе опфати комбинација на предавање и практична работа, при што акцентот ќе биде ставен на одговарање на прашањата во врска со спроведување на Поедноставена отворена постапка.

Работилницата е наменета за договорни органи (одговорно лице, лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки, надворешни стручни лица кои ѝ помагаат на комисијата при евалуацијата), економски оператори (управители, лица кои ги подготвуваат понудите), лица од академската заедница кои ги изучуваат јавните набавки, студенти кои ги изучуваат јавните набавки, невладиниот сектор, кој будно ја следи состојбата во важните домени на нашата држава, и сите лица чие работење е во допир со јавните набавки.

Ги охрабруваме сите директно или индиректно, инволвирани во јавните набавки да се пријават на оваа обука и да учествуваат во важната размена на искуствата од примената на новиот законот.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«.Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за тридневната работилница. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.