Тим Билдинг: CodeIT Solution

Архива

Во октомври, Симпозион беше организатор на тим билдинг настанот на CodeIT Solution, кој помина во прекрасна атмосфера и со ретко добра тимска соработка во скопскиот Градски парк. Денот беше исполнет со многу логички, физички и тимски и игри и натпревари, а секој час – обележан со многу акција, одлична дружба и зајакнување на тимскиот дух на учесниците. Настанот беше совршена прилика за подобро и поинакво запознавање, зближување и заедничко опуштање на колегите од CodeIT Solution. Сите учесници добија признанија и награди, а CodeIT обезбедија и специјални награди за најдобрите учесници и тимови.

Симпозион го негува тим билдингот како посебна важна гранка на својата дејност, при што и овде испорачува висококвалитетна услуга и внимателно одбрано знаење, ангажирајќи ги најдобрите методи и соработници за реализација на успешни настани за зајакнување на тимскиот дух во различните работни колективи. Наш клучен партнер на овој тим билдинг беше Мики Петровски, дипломиран тренер по атлетика.

Фото-галеријата на CodeIT Solution на најдобар начин го прикажува текот на октомврискиот тим билдинг што го приреди Симпозион.