Имплементирање систем за управување со енергија и обврски од Законот за енергетска ефикасност | 2 април во винарија Queen Maria, Демир Капија

Едукација

Стручната работилница која претстои на нашата едукативна агенда ја организираме со важната цел да ги пренесеме — преку практични примери — придобивките од системскиот пристап во управувањето со енергија, да ги објасниме структурата и моделите за следење на потрошувачката на енергија и да ги рационализираме трошоците за енергија преку развој на компетенциите и свесноста на вработените.

Имплементирање систем за управување со енергија, за пониски трошоци на компаниите и исполнување на обврските од Законот за енергетска ефикасност“ — со оваа носечка тема на 2 април (четврток) ќе ја реализираме стручната агенда во винаријата „Queen Maria“ во Демир Капија со сеопфатна програма на посета и ручек на имотот на оваа уникатна домашна локација. Повикот за учество и можноста за пријавување се сега отворени.

Работилницата е внимателно осмислена и практично разработена за компаниите кои според дефиниција припаѓаат на категоријата големи трговци, со цел да ги зајакнат своите капацитети за имплементирање на систем за управување со енергија (EnMS — Energy Management System). Со тоа, учесниците понесуваат најмалку двоен бенефитнамалување на трошоците и ослободување од законската обврска за спроведување енергетска контрола на секои 4 години.

Целта е учесниците практично да ги совладаат бенефитите од мерењето, следењето и управувањето со потрошувачката на енергија, да се повиши свеста кај сите вработени за управувањето со енергијата, да се дефинираат цели и акциски планови за намалување на потрошувачката, да се идентификуваат мерки и да се анализира нивната исплатливост заради оптимизирање на потрошувачката. Ќе биде разгледана енергетската ефикасност како критериум при спроведувањето на јавните набавки, и самостојно ќе изработиме регресиони модели за потрошувачката на енергија, врз основа на реални податоци од компаниите.

Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во оваа практична стручна работилница се компаниите кои се големи трговци (одговорни лица кои ја следат потрошувачката на енергија, инженери од производство, одржување, одговорни лица за одржување во деловните згради и сл.), и други заинтересирани лица кои од различен аспект се поврзани со потрошувачката на енергија односно управувањето со потрошувачката на енергија.

Учесниците ќе добијат конкретни практични примери со цел стекнатите вештини да бидат применливи. По завршувањето на работилницата, ќе можат самостојно и успешно да имплементираат систем за управување со енергија во своите компании, со што ќе остварат заштеда на значителни средства за ангажирање на надворешни консултанти за овој процес.

Повеќе за еднодневната стручна работилница во Демир Капија можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«, а прегледот на работните сесии и содржини е достапен во официјалната »АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

Симпозион ја користи приликата да потсети дека преостанува ограничено време и слободни места за учество на три стручни работилници кои опфаќаат важни стручни теми на кои веќе 10 години им посветуваме максимално внимание во пренесувањето експертско и практично знаење за усовршување на работењето:

Одговорно работење во јавниот сектор — Одлуки, ризици, процеси, документација и правна рамка“ (8—11 мај, Прага, Чешка)

Новини во јавните набавки во 2026 и практични искуства за справување со предизвиците“ (24—27 април, Прага, Чешка)

Податоците се вредност: Интегрирана заштита на личните податоци и сајбер безбедност — од закон до практична примена“ (24 март, винарија „Queen Maria“, Демир Капија)

Ги очекуваме вашите пријави и постојано стоиме на располагање за сите Ваши прашања и консултации.