Исклучително успешна есен за јавните набавки: реализирана стручна работилница

Архива

На почетокот од октомври, Симпозион со висока успешност и со одлична посетеност ја реализираше специјализираната работилница „Новини насочени кон унапредување на ефикасноста и транспарентноста на системот на јавните набавки и кон професионализација во ЈН“ , како еден од најважните и најактуелните едукативни настани во областа на јавните набавки оваа есен.

Стручната агенда обедини мотивирана и посветена група стручни лица од договорните органи и економските оператори, професионалци од областа на јавните набавки кои имаа прилика сеопфатно и практично да се запознаат со новините во својата област благодарение на кои во иднина ќе бидат отстранети многу од досега забележаните слабости, а опсегот на професионални вештини и компетенции ќе биде видно раширен и модернизиран.

Фокусот беше јасно поставен врз претстојните новини во јавните набавки и нивното практично влијание врз целокупниот процес. Презентацијата на јасни и директно полезни примери на добра практика во примената на најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот и анализата на примери на употреба или избегнување беше високо оценет од страна на учесниците.

И самата атмосфера на работилницата беше високооценета од наша страна и обележана со активна вклученост на учесниците. Од страна на учесниците беа повторно истакнати професионалност на пристапот, применливоста на материјалот и богатиот опсег на содржините. Како задолжителен елемент, препознатлив за искуството и протоколот на сите стручни едукативни настани на Симпозион, покрај знаењата, упатствата и вистински полезните контакти, учесници добија вреден корпус работни материјали, кои остануваат основа за натамошната нивна стручна практика.

▸▸▸▸▸
Движејќи се низ успешниот есенски циклус, на нашата агенда во октомври и ноември претстои серија исклучителни едукативни настани, на кои им посветивме максимално внимание во подготовките. Две од нив се во тековен фокус на Симпозион:

📍 „Што покажува праксата на ДКЖЈН? Најчести грешки, дилеми и предизвици во јавните набавки“ (29 октомври, Скопје) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

Што покажува праксата на ДКЖЈН? Каде најчесто се греши и како да ги избегнете најчестите пропусти во јавните набавки? Со практично ориентирана работа, ќе им посветиме максимално внимание на најчестите грешки, дилеми и предизвици во јавните набавки, согледани низ практиката на ДКЖЈН и жалбените постапки. Ќе ги разгледаме најчестите пропусти кои договорните органи ги прават при изготвувањето на тендерската документација, техничките спецификации и обрасците кои се прилог на понудата, пропустите кај најчесто користените видови постапки за јавна набавка, ќе разјасниме што може да се бодува како квалитет и дали е дозволена поддршка при бодирање на квалитет. Со внимание ќе се осврнеме и на можноста која ја имаат економските оператори во насока на подобрување на условите за учество во постапките за јавни набавки, како правилно треба да постапат кога користат способност од друг субјект и како ДО да не грешат при евалуација на способноста кога ЕО користат способност од друг субјект. Ќе дадеме полезни и применливи насоки за правилно постапување во текот на жалбената постапка.

📍 „Новата правна регулатива — нови правила за модернизирано канцелариското и архивското работење“ (6—7 ноември, Цар Самуил Спа, Банско, Струмица) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

Исклучително актуелната и квалитетна работна агенда целосно, практично и интерактивно ќе ја опфати новата рамка за организирање, водење и спроведување на канцелариското и архивското работење, која се воспоставува со донесувањето на Законот за архивски материјал и архивска дејност и новата Уредба за канцелариско и архивско работење. Истовремено, во завршна фаза на изработка е и новото Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, со кое подетално ќе се разработат постапките и начинот на нивно спроведување.

▸▸▸▸▸
Уште ограничен број места се останати за заинтересираните учесници на трите наши тридневни стручни работилници во Рим:

📍 „Клучните новини во вработувањето, унапредувањето, оценувањето, платите и обуката на административните службеници и другите групи на вработени во јавниот сектор, со осврт на системот на интегритет во јавниот сектор“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

📍 „Попис на средствата и обврските кај буџетските корисници, единиците на локална самоуправа и јавни претпријатија, усогласување на фактичка и сметководствена состојба за 2026 година и други тековни теми поврзани со финансиско работење и работниот однос“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

📍 „Медицинските сестри — клучен фактор од кој зависи иднината на здравството“ (14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

▸▸▸▸▸
Во продолжение следува мала фото-галерија од реализираната октомвриска работилница која се одржа во Скопје, како кратко навраќање на постигнатите успеси. Тимот на Симпозион и останува секогаш во целост посветен на вашите професионални потреби, пренесувајќи внимателно одбрано и применливо знаење и соработувајќи со најдокажаните и водечки експерти во земјата за да одговори на актуелните предизвици во работењето.

Бидете во тек со нашите идни едукативни настани, следете ги нашите социјални страници (Facebook, Instagram и LinkedIn) и контактирајте со нас за сите професионални прашања и потреби.