Внатрешни контроли, управување со ризици и стратешко планирање: законски новини и клучни аспекти | 28 април во Скопје

Едукација

Симпозион во својата едукативна програма ја става стручната област на внатрешните контроли, управувањето со ризици и стратешкото планирање на централно место. На вештините потребни за уредно, навремено, професионално и законито исполнување на задачите што ги подразбираат овие процеси секогаш им посветуваме особено внимание. Еднодневната стручна работилница „Новини во законската регулатива и клучни аспекти на внатрешните финансиски контроли, управувањето со ризици и стратешкото планирање во јавниот сектор“ ќе биде посветена токму на стекнувањето на потребните вештини за секојдневното успешно работење. На 28 април (понеделник) оваа работилница ќе ја реализираме во удобните услови на Park Hotel & Spaво Скопје.

Стручната агенда на тридневната работилница е внимателно осмислена за да пренесе важни и применливи знаења за новите барања согласно меѓународните стандарди за внатрешна контрола и националната регулатива во делот на воспоставување внатрешни финансиски контроли, управувањето со ризиците и нивната поврзаност со стратешкото планирање. Преку обработка на практични примери учесниците ќе бидат упатени во новините во законската регулатива во предметната област, меѓународната рамка за внатрешна контрола, поставеноста на внатрешната ревизија во системот на внатрешни финансиски контроли во јавниот сектор, како и местото на управувањето со ризици во реализацијата на целите на јавниот субјект.

Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во оваа практична стручна работилница се внатрешните ревизори од единиците за внатрешна ревизија, вработените од секторите за финансиски прашања, организационите единици за стратешко планирање, секторите за правни и општи работи, како и сите вработените од останатите организациони единици кај јавните субјекти кои имаат потреба од надградба на своите знаења и во делот на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор бидејќи финансиското управување и контрола ги опфаќа сите работни процеси и сите организациони единици кај јавните субјекти.

Повеќе за еднодневната стручна работилница во Скопје можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

▸▸▸▸▸

Останати тековно отворени повици во едукативната програма на СИМПОЗИОН:

Еднодневна стручна работилница „КРЕИРАЊЕ ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА — КАКО ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ВЛИЈААТ ВРЗ ПОЕДНОСТАВЕНАТА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА И ЕСЈН(29 април, СКОПЈЕ)

Тридневна стручна работилница „ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ, РЕАЛИЗАЦИЈА, СЛЕДЕЊЕ И ИЗМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ(12—15 мај, БУДИМПЕШТА)

Тридневна стручна работилница „ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ(12—15 мај, БУДИМПЕШТА)

Дводенвна стручна работилница „УСОГЛАСУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО СО НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ(23—24 април, КРУШЕВО)

Дводенвна стручна работилница „ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА — ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНО КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ(23—24 април, КРУШЕВО)