Економските оператори во ЈН — од анализа на тендерска документација до подготовка на понуда, жалба и склучување договор | 26 февруари во Скопје

Едукација

По внимателна подготовка на содржините, работниот план и корпусот практични материјали, со задоволство ги објавуваме официјалната покана и агенда за стручната работилница „Економските оператори во јавните набавки — од анализа на тендерската документација до подготовка на понудата, жалба и склучување на договорот“, која на 26 февруари (четврток) ќе ја организираме во пријатната атмосфера на „Queens Hotel“ во Скопје. Повикот за учество и можноста за пријавување се сега отворени.

Работилницата ќе ги постави во фокус правилната анализа на тендерската документација,  препознавањето на грешките и пропустите кои можат да го оневозможат учеството во постапката за јавна набавка; подготовката на конкурентни, комплетни и усогласени понуди кои го минимизираат ризикот од формално или суштинско отфрлање; правилната подготовка на групни понуди и користењето на капацитетите од други субјекти и подизведувачи; намалувањето на ризикот при евалуација на понудите; поднесување квалитетни жалби и управување со жалбената постапка на законски и практично правилен начин; препознавање на ризиците поврзани со склучување на договорите за јавни набавки.

Целта на работилницата е учесниците да стекнат применливи и актуелни знаења преку разгледување конкретни и практични примери, најчести дилеми и правни аспекти, кои ќе им овозможат поефикасно и поуспешно учество во јавните набавки.

Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во оваа практична стручна работилница се економските оператори (одговорни лица, лица кои ги подготвуваат понудите и лица кои ја следат реализацијата на договорите), и други заинтересирани лица кои од различен аспект се поврзани со јавните набавки.

По завршувањето на работилницата, економските оператори ќе бидат значително подобро подготвени да обезбедат квалитетна понуда, да го изнајдат правилниот начин за користење на способноста од други субјекти за учество во постапките за набавки, да подготват квалитетна жалба и да внимаваат на можните ризици при склучување на договорите.

Повеќе за еднодневната стручна работилница во Скопје, заедно со прегледот на работните сесии и содржини, можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

▸▸▸▸▸
ПОСВЕТЕНОСТ НА СТРУЧНОТО ЗНАЕЊЕ: ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН

„Подготовка за надворешна ревизија: што да се очекува и како да се постапува“ (12 март, винарија „Queen Maria“, Демир Капија)

„Новини во јавните набавки во 2026 и практични искуства за справување со предизвиците“ (24—27 април, Прага, Чешка) — попустот за рано пријавување истекува на 23 февруари

„Одговорно работење во јавниот сектор — Одлуки, ризици, процеси, документација и правна рамка“ (8—11 мај, Прага, Чешка) — попустот за рано пријавување истекува на 6 март

Симпозион не престанува да ги вложува во целост сите свои ресурси во мисијата да обезбеди најквалитетно знаење во одговор на тековните и неизбежните предизвици, проблеми, дилеми и значајни новини во важните стручни области. Остануваме во редовна служба на вашиот професионален раст и развој!