Креирање тендерска документација и поднесување понуда — влијание на законските измени врз поедноставената отворена постапка и ЕСЈН | 29 април во Скопје

Едукација

Во одговор на Вашите барања и потребата од директна полезна едукација за новините во работењето, Симпозион го отвора повикот за пријавување на стручната работилница „Креирање тендерска документација и поднесување понуда — како законските измени влијаат врз поедноставената отворена постапка и ЕСЈН“, која на 29 април (вторник) ќе ја реализираме во удобните услови на Park Hotel & Spaво Скопје.

Целта на работилницата е преку стручен, директен, сеопфатен и интерактивен пристап да се претстават најчестите дилеми кои се јавуваат во практиката во однос на поедноставената отворена постапка и начинот на кој измените на законот ќе се одразат врз нејзиното натамошно спроведување – како од страна на договорните органи, така и од страна на економските оператори. Како автоматизацијата на процесите во креирањето на тендерска документација ќе доведе до поголема транспарентност и ефикасност во јавните набавки. Како таа ќе влијае врз олеснувањето на процесот на поднесување понуди преку кратење на времето за учество на постапките и поголема сигурност и интегритет во креирањето на понудата.

Како учесници, преку конретни насоки и интерактивна дискусија ќе добиете многубројни и важни увиди во тоа како и зошто е дизајнирана поедноставената отворена постапка и кои се придобивките од изготвувањето на тендерската документација со внесување на податоците во Електронскиот систем за јавни набавки. Овие и уште низа теми и аспекти, кои се опфатени во агендата на работилницата ќе им помогнат директно на економските оператори и договорните органи да извлечат максимум полза во креирањето на тендерската документација и олеснетото учество во постапките.

Во интерес на квалитетот на едукацијата својствен за пристапот на Симпозион, работилницата ќе ја водат експерти од раководството на Бирото за јавни набавки.

Повеќе за еднодневната стручна работилница во Скопје можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

Остануваме во редовна служба на вашиот професионален раст и развој!

▸▸▸▸▸

Останати тековно отворени повици на СИМПОЗИОН:

Тридневна стручна работилница „ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ, РЕАЛИЗАЦИЈА, СЛЕДЕЊЕ И ИЗМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ(12—15 мај, БУДИМПЕШТА)

Тридневна стручна работилница „ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ(12—15 мај, БУДИМПЕШТА)

Дводневна стручна работилница „УСОГЛАСУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО СО НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ(23—24 април, КРУШЕВО)

Дводенвна стручна работилница „ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА — ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНО КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ(23—24 април, КРУШЕВО)