Априлски дводневни стручни работилници (Крушево) | Безбедност на лични податоци: усогласување со новите правила | Канцелариско и архивско работење: почитување на правната регулатива | 23—24 април

Едукација

Едукативната програма на Симпозион повторно им се посветува на две области во кои редовно пренесуваме внимателно одбрано знаење во служба на професионалниот развој, постигнувањето максимални резултати и законитото работење во стручната практика на многумина вработени. Во периодот од 23—24 април во прекрасната атмосфера на Крушево ќе реализираме два едукативни настани во стручните области 1) обработка на лични податоци и 2) канцелариско и архивско работење.

▸▸▸▸▸
УСОГЛАСУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО СО НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Дводневната стручна работилница ќе ги опфати  клучните нови правила за безбедност при обработката на личните податоци и како тие влијаат врз воспоставениот систем за заштита на личните податоци, во насока на одржување функционален систем за, преку примена на технички и организациски мерки, да се осигури ниво на безбедност соодветно на ризикот. Работната агенда е фокусирана на новодонесениот Правилник за безбедност на обработката на личните податоци, во кој се предвидени одредби кои ќе предизвикаат суштински промени во системите за заштита на личните податоци воспоставени од контролорите во јавниот и приватниот сектор. Рокот за приспособување на работењето на контролорите од јавниот и приватниот сектор со одредбите од овој правилник е 1 јули 2025 година. Работилницата воедно ќе пренесе важни насоки како да се идентификуваат ризиците при обработката на личните податоци и ќе даде упатства за активностите на контролорите и за подготовката на методологијата за проценка на ризик и за проценката на ризик по процеси со предвидени мерки. Сите аспекти на работилницата и патувањето, заедно со повеќе детали за содржината, се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«.

Главните засегнати лица кои имаат директен интерес за учество во оваа практична стручна работилница се офицерите за заштита на лични податоци, одговорните лица за сигурност на информацискиот систем, како и лицата вклучени во процесите на обработка на личните податоци.

Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на официјалната адреса info@simpozion.mk најдоцна до 17 април. Пријавувањето на повеќе лица од иста институција опфаќа дополнителни поволности, кои се претставени во поканата.

▸▸▸▸▸
ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА — ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНО КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

Појдовната точка и целта на дводневната стручна работилница е обработката, познавањето и примената на правната рамка (условите, причините и последиците) предметна за архивската дејност. Со поддршка на долгогодишното практично и теоретско искуство на експертот-предавач, ќе биде посветено посебно внимание на примената на законските и подзаконските акти, односно на нивниот теоретски и практичен аспект во канцелариското и архивското работење. Покрај ова, подробно ќе се разгледаат правата и обврските на имателите, како и надлежноста на архивите, која е регулирана со Законот за архивскиот материјал (ЗАМ) и со подзаконските акти. Недоследностите, грешките и пропустите во работењето на имателите ќе бидат пресретнати со можни и применливи решенија за нивно надминување – на ова посветивме посебен блок во работната агенда. Дводневната работилница во Крушево опфаќа и низа други битни теми од областа на канцелариското и архивското работење за кои се изложени повеќе информации во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«.

Главните засегнати лица кои имаат директен интерес за учество во оваа практична стручна работилница се вработените во писарниците и архивите кај имателите на архивски и документарен материјал, лицата кои ги архивираат актите, како и непосредните одговорни раководители (на одделенија или сектори) кои се задолжени за доследно спроведување на правната регулатива која ја регулира оваа материја.

Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk најдоцна до 17 април. Пријавувањето на повеќе лица од иста институција опфаќа дополнителни поволности, кои се претставени во поканата.

▸▸▸▸
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ: КРУШЕВО

Двете работилници ќе се одржат во периодот од 23—24 април во хотелот Montana 4* — Крушево. Кон комфорните услови за работа и пријатната атмосфера во еден од најубавите балкански градови, Симпозион внимателно подготви дополнителна програма. Двете работилници ги разработуваме со внимание на најрелевантните искуства и најактуелните сознанија и упатства во предметните области, вложувајќи ги сите напори за да создадеме најсоодветна и пријатна атмосфера во работното и слободното време. Едукативните програми ќе дадат силен импулс на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените, раководителите и заинтересираните во двете стручни области. Ги очекуваме Вашите пријави.

▸▸▸▸▸
Информациите за едукативната програма и актуелните повици за учество Симпозион редовно ги објавува на комуникациските канали. – следете ги веб страницата и нашата социјална страница за да бидете во тек. За сите дополнителни прашања и барање, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.

▸▸▸▸▸
Останати тековно отворени повици на СИМПОЗИОН:

Тридневна стручна работилница „ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ, РЕАЛИЗАЦИЈА, СЛЕДЕЊЕ И ИЗМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ(12—15 мај, БУДИМПЕШТА)

Тридневна стручна работилница „ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ(12—15 мај, БУДИМПЕШТА)