Се подготвува новата едукативна сезона

Едукација

Веќе посветено работиме за во септември да ве пресретнеме со квалитетна едукативна програма што ќе ги задоволи вашите професионални интереси и ќе ги пресретни вашите потреби и предизвици на работното место.

Меѓу едукативните настани што во Симпозион ги подготвуваме за претстојната сезона, најавуваме и задгранична обука во областа на јавните набавки, која од 26 до 28 септември ќе се одржи во Загреб, Хрватска. Потенцијално заинтересираните можат уште пред официјалната објава да ни испратат прашања, сугестии и најави за учество.

Воедно, сите ваши предлози и барања за едукативни настани (обуки, семинари, работилници) од различни области се добредојдени! Ние располагаме со искуството и посветеноста за да ги пресретнеме и да ги оствариме, испорачувајќи внимателно одбрано знаење.

Ви посакуваме пријатен одмор и успешна работа во текот на жешките денови на летото.