Две стручни работилници во АТИНА: Законските новини во јавниот сектор и работата на административните службеници | Попис, финансиски извештаи и завршна сметка | 27—30 НОЕМВРИ

Едукација

На есенската едукативна агенда централно место заземаат две тридневни работилници во стручните области на 1) пописот, финансиските извештаи и завршната сметка, и 2) законските новини во јавниот сектор и работата на административните службеници. Симпозион ги отвора повиците за учество за двата настани, кои ќе дадат максимален придонес кон професионалниот развој на вработените и стручните лица од овие области.

Работилниците ќе бидат реализирани во практичен и интерактивен формат преку концентрирана и богата агенда со многу полезни примери, насоки и детали во периодот од 27 до 30 ноември 2025 г. во Атина, Грција.

Во продолжение се достапни важните информации кои ги опишуваат работниот план, предвидените содржини и начинот на пријавување учество на работилниците.

▸▸▸▸▸
НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР И ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
27—30 ноември, Атина

Работилницата ги адресира централните теми поврзани со новините во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, кои ги уредуваат начелата, правата и должностите, класификацијата на работните места, евиденцијата, пополнувањето на работните места во јавниот сектор, како и вработувањето, унапредувањето, мобилноста, оценувањето и одговорноста, стручното усовршување и оспособување, и уште цела низа други важни елементи и аспекти на работниот однос на административните службеници, вклучувајќи ја Агенцијата за администрација. Клучните новини во овие закони ги тангираат работењето од далечина, зголемувањето на процентот систематизирани работни места, рамката на постапките за вработување, унапредување и мобилност во јавниот сектор, годишниот план за вработување, испитот за административните службеници, новата Комисија за проверка на знаење и интервју, процедурите за оценување и утврдување одговорност на административните службеници, паричната награда за исклучителен ангажман, како и додатоците на плата заради задржување на службениците и за учесниците во ИПА проекти и ЕУ структурите. Сите овие новитети бараат јасно разбирање и стручна примена во професионалната практика на голем број засегнати институции и лица. Повеќе информации за работниот план и содржините на работилницата се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«.

ПРИЈАВУВАЊЕТО за тридневната работилница е отворено, а учеството можете да го потврдите со испраќање на официјалниот »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата ел. адреса info@simpozion.mk.

ЗАСЕГНАТИ УЧЕСНИЦИ: Богатите и внимателно разработени содржини на работилницата се наменски подготвени за вработените во јавниот сектор, особено за лицата кои работат на управување со човечки ресурси, раководните лица на институциите, невработените лица заинтересирани за работа во јавниот сектор, адвокатите кои се занимаваат со заштита на правата што произлегуваат од работен однос на вработените во јавниот сектор и други заинтересирани лица.

▸▸▸▸▸
СПРОВЕДУВАЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА, ПОБАРУВАЊАТА И ОБВРСКИТЕ КАЈ ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА — ПРЕДУСЛОВ ЗА ОБЈЕКТИВНО И РЕАЛНО ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ КАКО СОСТАВЕН ДЕЛ НА ЗАВРШНАТА СМЕТКА
27—30 ноември, Атина

Појдовната точка и целта на стручната работилница е подигнување на одговорноста кај вработените лица од сметководствениот сектор, лицата кои се назначени за членови на комисиите за попис, како и кај одговорните лица кои раководат со општините, државните органи и јавните претпријатија. Работилницата го става во централен фокус спроведувањето на пописот на средствата, побарувањата и обврските како една од најзначајните задачи/фази пред изготвувањето на завршната сметка кај правните субјекти. На практичен и интерактивен начин ќе бидат претставени примери на усогласување на фактичката со сметководствената состојба, формата на подготвување решенија за формирање комисии за попис и одлуките за усвојување на Извештајот од спроведениот попис. Имајќи го предвид периодот на одржување на работилницата, неминовно ќе му посветиме внимание на данокот на добивка, со посебен акцент кај единиците на локалната самоуправа и државните органи – во кои случаи субјектите се даночни обврзници, каков е даночниот третман на одделни расходи, односно кои расходи се непризнати расходи. Ќе биде презентиран начинот на евидентирање на даночните обврски, кој се разликува од воспоставената практика кај субјектите регистрирани согласно Законот за трговски друштва. Должно внимание ќе се посвети и на навремената примена на одлуките на Владата, кои се однесуваат на времено и трајно користење на стварите кај буџетските корисници, општините и јавните претпријатија. Повеќе информации за работниот план и содржините на работилницата се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«.

ПРИЈАВУВАЊЕТО за тридневната работилница е отворено, а учеството можете да го потврдите со испраќање на официјалниот »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата ел. адреса: info@simpozion.mk.

ЗАСЕГНАТИ УЧЕСНИЦИ: Главните лица и групи кои имаат директен интерес за учество се одговорните сметководители, вработените во финансиско-сметководствените сектори, внатрешните ревизори и членовите на комисиите за попис.

▸▸▸▸▸
ПРИСТАП И УСЛОВИ: ПРАКТИЧНОСТ, ИНТЕРАКТИВНОСТ, БОГАТА ПРОГРАМА

Тридневните работилници ги обединуваат основните фактори на квалитетната стручна едукација: клучни теми во зададените области, најактуелно знаење и искуство претставено од позиција на водечка експертиза, како и поволно учество, приспособено на нашите можности. Сите опфатени теми ќе бидат разработени практично, директно, подробно, со низа примери и во интерактивен формат на концентрирана агенда — со цел да ги пресретнеме потребите и барањата на сите наши почитувани соработници и клиенти.

Придружната програма на патување во потполност ги одразува нашите основни деловни принципи обезбедувајќи најдобра местоположба и максимално комфорни услови на реализација. Како работна средина овој пат ја одредивме Атина, со сместување на одлична локација и со низа посети на значајни точки кои го прикажуваат културното, архитектонското и духовното наследство но и современиот живот на овој град.

Повеќе информации за богатата програма на патувањето, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот, патувањето и местата на посета, ќе бидат доставени до заинтересираните учесници кои ќе ни се обратат преку официјалната електронска адреса info@simpozion.mk или преку нашиот контакт број: 078 271 576.

▸▸▸▸▸
Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За учесниците пријавени до 15 октомври е предвиден попуст од 5% на целиот аранжман и котизацијата за учество. За пријавени 3 и повеќе лица од иста институција следува дополнителен попуст од 5% на котизацијата за учество.

Ги очекуваме Вашите пријави и високо ја цениме нашата стручна соработка.

▸▸▸▸▸
ПОСВЕТЕНОСТ НА СТРУЧНОТО ЗНАЕЊЕ: ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН

Новини во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници“ (11 септември, Скопје)
Клучни измени и практични совети за успешни јавни набавки“ (25 септември, Скопје)
Новини во законот за архивски материјал и архивска дејност — можности и перспективи“ (24 септември, Скопје / 3—4 октомври, Стар Дојран)
Јавни набавки и финансии: намалување на ризиците од жалби, управување со договорите за ЈН, поврзаност на планот за ЈН со финансискиот план и подобрување на квалитетот на жалбите“ (9—12 ноември, Рим, Италија)